Унион Сен-Жил го освои белгискиот Куп по пауза од 110 години
- Фудбалерите на Унион Сен-Жил го освоија Купот на Белгија, совладувајќи го Антверпен во денешното финале во Брисел со 1-0.

Брисел, 9 мај 2024 (МИА) – Фудбалерите на Унион Сен-Жил го освоија Купот на Белгија, совладувајќи го Антверпен во денешното финале во Брисел со 1-0.
Победа ја донесе јапонскиот интернационалец Коки Мачида, кој беше прецизен во судиското продолжение на првото полувреме.
Ова е трет куп пехар во историјата на Унион, а прв од далечната 1914 година.
Клубот од Брисел се врати во белгиската Прва лига во 2021 година по 48-годишно отсуство од највисокиот ранг.
Унион од 2018 година е во сопственост на британскиот бизнисмен Тони Блум, кој е сопственик и на англискиот премиерлигаш Брајтон. ег ФОТО: Фејсбук