• вторник, 24 декември 2024

Универзитетот на Југоисточна Европа донираше над 250 компјутери на средните и на основните училишта

Универзитетот на Југоисточна Европа донираше над 250 компјутери на средните и на основните училишта

Тетово, 15 септември 2023 (МИА) - Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово информира дека во текот на годинава па до сега е достигната бројка 250 компјутери кои се донирани на основни и средни училишта како и на невладини организации кои работат со лицата со посебни потреби.

Компјутерите донирани од УЈИЕ веќе се дел од лабораториите на средното медицинско училиште во Тетово, Гимназијата во Тетово, Гимназијата во Гостивар, Гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје, Гимназијата во Сарај, Средното економско училиште „Арсени Јовков“, исто така во Скопје. Компјутери се донирани и за некои основни училишта во регионот на Скопје, Тетово, Гостивар.

-Ова се само дел од училиштата на кои им се донирани компјутери од обемната листа која опфаќа поширок регион на училишта во Северна Македонија. Донациите се рамките на мисијата за општествена одговорност и придонес, потенцираат од УЈИЕ во денешното соопштение.

Друга категорија, на која УЈИЕ посветува посебно внимание се лицата со посебни потреби, а досега им се донирани компјутери на здруженијата Blue Puzzle и Handimak кои поднесоа барање.

-Свесен за мисијата, но и за општествената одговорност, Универзитетот на Југоисточна Европа не е само модел за настава во регионов, туку и истакната институција, која се грижи за пошироката заедница преку конкретен придонес преку донации или други форми на институционална поддршка, особено на образовната заедница, информираше службата за односи со јавност при УЈИЕ. ас/ир

Фото: УЈИЕ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан