Унгарскиот парламент усвои закони за борба против странското мешање
- Унгарскиот парламент вечерва усвои низа законски мерки со кои се формира надзорно тело одговорно за спречување на „странското мешање“ во изборниот процес, а предвидени се и затворски казни.
Будимпешта, 12 декември 2023 (МИА) – Унгарскиот парламент вечерва усвои низа законски мерки со кои се формира надзорно тело одговорно за спречување на „странското мешање“ во изборниот процес, а предвидени се и затворски казни.
Текстовите беа одобрени со големо мнозинство во парламентот во кој доминира партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, а ќе стапат во сила во февруари.
Правниот пакет има за цел да го „заштити суверенитетот“ на земјата, но владините критичари го гледаат како нова офанзива против опозицијата.
Ќе се формира специјализирано тело кое е вклучено во Уставот. Неговата мисија ќе биде „да ги идентификува и истражи организациите кои добиваат пари од странство“ со цел „да се влијае врз изборот на гласачите“.
Законот предвидува казни до три години затвор за секој што користи странски средства во изборна кампања. јт/
Фото: МИА архива