• сабота, 21 декември 2024

Унгарија противник на Грција во финалето на Светското првенство во спортови во вода

Унгарија противник на Грција во финалето на Светското првенство во спортови во вода

Фукуока, 27 јули 2023 (МИА) – Репрезентациите на Унгарија и на Грција ќе се борат за шампионскиот трофеј на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Фукуока, Јапонија.

 

Ова е епилогот по двата денешни полуфинални натпревара.

 

Во првото полуфинале Грција со убедливи 13:7 (3:2, 3:0, 3:3 и 4:2) ја победи Србија.

 

Унгарците во второто полуфинале кое беше понеизвесно и драматично, ја совлада Шпанија со 12:11, иако на половина од мечот Шпанците водеа со 6:4.

 

Завршните натпревари во ватерполо машка конкуренција ќе се играат в сабота. Од 6 часот е мечот за 3.место во кој ќе се сретнат Србија и Шпанија, а финалето е закажано за 11 часот по македонско време. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан