Умтити се повреди на индивидуален тренинг
- Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити ќе биде надвор од терените неодредено време поради повреда. На 26-годишниот играч му било дијагностицирано оштетување на мускул во десната нога. Дефан

Барселона, 9 мај 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити ќе биде надвор од терените неодредено време поради повреда. На 26-годишниот играч му било дијагностицирано оштетување на мускул во десната нога. Дефанзивецот е повреден како резултат на денешните утрински индивидуален тренинг.
Како што ќе се одвива закрепнувањето, ќе се знае дали Французинот ќе може да учествува на претстојните тренинзи.
Ова не е прва повреда на Умтити оваа сезона. Поради оваа причина, тој играше на само 11 натпревари во Ла Лига. зс/