• среда, 25 декември 2024

Умтити сака да остане во Барселона до крајот на неговиот договор, во клубот се бесни на неговото однесување

Умтити сака да остане во Барселона до крајот на неговиот договор, во клубот се бесни на неговото однесување
Барселона, 25 август 2021 (МИА) - Дефанзивецот Самуел Умтити се уште нема намера да ја напушти Барселона. Французинот одбива да ги разгледа добиените предлози и има намера да остане во тимот до крајот на договорот што истекува во 2023 година. Барселона е бесна на ваквото однесување, пренесува „Диарио Спорт“. Блауграна за Умтити изјави дека ова однесување е неприфатливо. Во следните денови, Каталонците повторно ќе му понудат на дефанзивецот да ги разгледа добиените понуди. Доколку Умтити одбие, Каталонците се подготвени да преземат драстични мерки - на пример, раскинување на договорот. зс/

Остани поврзан