• недела, 28 јули 2024

Уметникот Темков вечерва со изложба во Њујорк 

Уметникот Темков вечерва со изложба во Њујорк 
Кавадарци, 22 април 2023 (МИА) - Изложба на слики од кавадаречкиот ликовен уметник Владимир Темков - Шефе, вечерва ќе биде отворена во галеријата Емси во Њујорк. 
 
- Пред љубителите на уметноста се претставувам со моите графички уметности и слики. Отворањето на изложбата е закажано за вечерва во периодот од 18 до 20 часот, вели Темков. 
 
 Темков со своите дела се има претставено во повеќе галерии низ светот. Тој појаснува дека во Њујорк се изложени најнови дела, кои се за првпат дел од некоја изложба. свд/дма/
 
Фото: Владимир Темков

Остани поврзан