• понеделник, 16 декември 2024

Украинско МВР: Ќе ни требаат години да ги отстраниме мините

Украинско МВР: Ќе ни требаат години да ги отстраниме мините
Киев, 18 март 2022 (МИА) - Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски изјави денеска дека на Украина и требаат години да ги отстрани неексплодираните направи по руската инвазија. - Кон Украина беа истрелани голем број гранати и мини, а голем дел од нив не експлодираа, останаа под урнатините и претставуваат реална закана. Ќе бидат потребни години, а не месеци за да се деактивираат, истакна Монастирски. Освен неексплодираните руски направи, украинската војска поставувала и нагазни мини на мостовите, аеродромите и друга клучна инфраструктура за да ги спречи Русите да ги користат. - Нема да можеме да ги отстраниме тие мини од целата територија, затоа побарав помош од меѓународните партнери и колеги од Европската унија и од САД за да се подготви група експерти кои ќе ги деминираат борбените зони и гранатираните објекти, нагласи украинскиот министер. гт/

Остани поврзан