• вторник, 17 декември 2024

Украинското МНР го осуди „присилното“ преселување на населението од Запорожје и Херсон

Украинското МНР го осуди „присилното“ преселување на населението од Запорожје и Херсон
Киев, 3 ноември 2022 (МИА) - Украинските власти остро го осудија преселувањето на населението од регионот Запорожје и Херсон кон Крим или Русија, се посочува во соопштението на Министерството за надворешни работи во Киев. „Руската окупациска администрација започна масовно принудно раселување на жителите“ од Херсонската област, поконкретно од Скадовск и Каховка кон Крим или кон Русија, истакнуваат од украинското МНР. Според Министерството, Русија спроведува слични преселувања во регионите Запорожје, Луганск и Доњецк, како и во Крим. Раселувањето, како што се посочува, е проследено со грабежи на индустриски, културни, образовни објекти, медицински институции, како и приватни куќи и станови. Се наведуваат и информации дека руски трупи поставуваат експлозив на хидроцентралата „Каховска“, чие активирање би предизвикало човечка и хуманитарна катастрофа од огромни размери. Присилното преселување сериозно го крши меѓународното право, наведува украинското МНР, повикувајќи се на член 49 од Женевската конвенција од 1949 година. Киев уште ја повика меѓународната заедница да ја осуди Русија, да воведе нови санкции и да ја зголеми воената помош за Украина за да и помогне да ги врати териториите што се „под окупација“. аб/

Остани поврзан