• среда, 27 ноември 2024

Украински министер за одбрана: Рускиот агресор уби повеќе цивили од војници

Украински министер за одбрана: Рускиот агресор уби повеќе цивили од војници
Киев, 10 март 2022 (МИА) - Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников денеска изјави дека руските сили убиле повеќе цивили отколку украински воен персонал, опишувајќи ја руската инвазија како „терористичка војна“. - Од почетокот на војната, бројот на украински цивили убиени од руските напаѓачи го надминува бројот на воениот персонал од сите одбранбени сектори паднати во борбите, рече Резников, пренесува агенцијата Укринформ. „Трпејќи катастрофални загуби, руските окупатори започнаа терористичка војна. Тие се однесуваат како криминалци и кукавици. Тие убиваат и земаат цивили, жени и деца како заложници. До 10 март, бројот на украинските цивили убиени од руските напаѓачи го надминува бројот на воениот персонал кој падна во борбите. Сакам ова да се слушне не само во Украина, туку и низ целиот свет. Кремљ бомбардира училишта, клиники и породилишта. Москва не заштитува никого - уништува. Тие не се способни да се борат против нашата армија, националната гарда, територијалната одбрана, па ги напаѓаат најранливите“, објави на Фејсбук министерот за одбрана на Украина Олексеј Резников. ссм/

Остани поврзан