• петок, 08 ноември 2024

Украинските вооружени сили назначија командант на Силите за беспилотни системи

Украинските вооружени сили назначија командант на Силите за беспилотни системи

Киев, 11 јуни 2024 (МИА) - Украинската војска објави назначување на командант на силите на беспилотните системи, нагласувајќи ја важноста на беспилотните летала во војувањето, како што претседателот Володимир Зеленски и другите лидери постојано нагласуваат за време на 27-месечната војна против Русија.

Во соопштението од ГШ на вооружените сили се вели дека по наредба на министерот за одбрана Рустем Умеров на функцијата е именуван Вадим Сухаревски, заменик командант на вооружените сили.

Во февруари Сухаревски беше назначен за заменик командант задолжен за беспилотни летала. Истиот месец Зеленски издаде декрет за создавање посебна единица на вооружените сили одговорна за беспилотни летала, а минатата недела декретот беше одобрен од владата. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан