• сабота, 16 ноември 2024

Украинските власти тврдат дека собориле руски авион за откривање радари

Украинските власти тврдат дека собориле руски авион за откривање радари

Киев, 23 февруари 2024 (МИА) – Украинските воздухопловни сили вечерва соопштија дека собориле руски авион за радарско откривање и набљудување над Азовското Море, точно две години од почетокот на руската инвазија врз Украина.

Властите во Москва не реагираа, но властите во Краснодарската област на југот на Русија, во близина на границата со Украина, соопштија дека спасувачките служби отишле на местото каде што се урнал авионот.

„Благодарение на заедничката разузнавачка операција на Министерството за одбрана и воздухопловството на Украина, руски авион А-50У беше соборен над Азовското Море“, соопшти Министерството за одбрана на Украина.

Се додава дека уништувањето на А-50У во лет е уште еден сериозен удар за Русија.

А50 е авион еквивалентен на Avacs (систем за предупредување и контрола од воздух) на земјите на НАТО. И двете се лесно препознатливи по големиот радар прикачен над трупот.

Според една приватна британска разузнавачка компанија, Русите имале десет постари модели и седум помодерни (A-50U), неодамна обновени и во употреба.

Видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат повеќе блесоци на силна светлина на ноќното небо, проследени со голем пожар во нешто што изгледа како рурална област.

Украина во јануари соопшти дека соборила авион од тој тип во истата област. јт/

Фото: Х

Остани поврзан