• петок, 05 декември 2025

Украинските власти објавија дека нападнале рафинерија во близина на Москва

Украинските власти објавија дека нападнале рафинерија во близина на Москва

Киев, 15 ноември 2025 (МИА) - Украинската армија денеска објави на социјалните мрежи дека нападнала рускаа рафинерија во близина на Москва, во регионот Рјазан, „како дел од напорите да се намали способноста на непријателот да лансира ракети и бомби“.

Рускиот гувернер на Рјазањ, Павел Малков, изјави дека руската ПВО соборила 25 украински беспилотни летала над регионот во текот на претходната ноќ.

„Предизвикан е пожар во просториите на компанијата“, но нема повредени, изјави рускиот гувернер на Телеграм, без да даде други детали.

Овој напад доаѓа еден ден по големите руски воздушни напади врз станбените простории во Киев, каде што, според последните податоци, загинаа седум лица.

Четири лица беа убиени во украинските напади на југ. зш/

Остани поврзан