• вторник, 24 декември 2024

Украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ на „Џифони филмски денови“

Украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ на „Џифони филмски денови“
Скопје, 3 јуни 2022 (МИА) - Во рамки на програмата „Џифони филмски денови“, што ја организира фестивалот „Џифони Македонија“ утре од 17 часот во Europe House Скопје ќе биде прикажан украинскиот филм „Кога дрвјата паѓаат“ од Марисја Никитук. Како што информираат организаторите, „Кога дрвјата паѓаат“ е дебитантски филм на Марисја Никитук, кој имал премиера на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин во 2018 година. Филмот е копродукција меѓу Украина, Полска и Македонија и е наменет за деца над 16 години. По проекцијата ќе следува и дискусија на тема „Перспективите на младите во период на транзиција“, нак која Украина е земена како актуелен пример. - На осмата сесија на „Џифони филмски денови“ во редовниот термин од 10 часот, во Кинотеката ќе бидат прикажани три кратки филма за публика над 10 години. Ќе гостуваат и претставници од екипите на филмовите. Станува збор за наградуваните: „Змија“ на Андреј Илиевски Волкашин, „Јас не сум Игор“ на Сергеј Ѓеоргиев и „Перики“ на Ангела Димеска, која беше учесничка на „Џифони Италија“ во 2015 година. Филмот „Змија“ има учествувано на 30-ина фестивали, а освои три награди на фестивал во Грција. „Јас не сум Игор“ зборува за спортското навивање и кога тоа се претвора во националистичко скандирање и борба, се дополнува во соопштението. Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“. ар/лв/

Остани поврзан