• сабота, 23 ноември 2024

Украинскиот министер за одбрана предупреди за „проблеми“ и човечки жртви

Украинскиот министер за одбрана предупреди за „проблеми“ и човечки жртви
Киев, 22 февруари 2022 (МИА) - Министерот за одбрана на Украина, Алексеј Резников ги предупреди денеска украинските војници за „проблеми“ и човечки жртви, откако Москва ги призна двата сепаристички региона, а потоа наложи да бидат испратени руски трупи во поддршка на нивните барања за независност. - Ќе има проблеми. Ќе има загуби. Ќе треба да ја издржиме болката, да ги победиме стравот и очајот, изјави Резников во обраќањето до украинската армија, објавено на веб страницата на Министерството, во кое ги повикува војниците да бидат подготвени за војна. Но, тој вети и „сигурна победа“ пред руската закана. - Кремљ направи уште еден чекор кон заживување на Советскиот Сојуз, истакна украинскиот министер. Мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин, Резников нагласи дека „вчера го покажал своето вистинско лице“. - Лице на криминалец кој сака да го држи во заложништво целиот слободен свет, додаде Резников. бд/гт/

Остани поврзан