• вторник, 31 март 2026

Украинскиот дрон што падна во Финска носел бојна глава

Украинскиот дрон што падна во Финска носел бојна глава

Хелсинки, 30 март 2026 (МИА) - Украинскиот дрон што вчера се урна во Финска носел неексплодирана бојна глава - објави денеска финската полиција.

Финска вчера соопшти дека два украински дрона паднале на југоистокот од земјата, првпат од почетокот на војната меѓу Русија и Украина.

„Дронот што падна северно од Кувола е пронајден и, според прелиминарните резултати, носел неексплодирана бојна глава“, објави полицијата.

Леталото подоцна било уништено во контролирана експлозија, а било идентификувано како голем украински дрон „AN196“, што има распон на крилјата од 6,7 метри и е долг 4,4 метри.сд/ми/

Фото: Производител 

Остани поврзан