• петок, 08 ноември 2024

Украинска армија: Додека имаше немири во Русија, напредувавме на фронтот

Украинска армија: Додека имаше немири во Русија, напредувавме на фронтот

Киев, 24 јуни 2023 (МИА) - Војската на Украина соопшти дека за време на внатрешните немири во Русија, нејзините сили успеале да напредуваат долж источниот фронт.

- Војниците на (претседателот Володомир) Зеленски денеска постигнаа успех во близина на градот Бахмут на исток и во некои јужни области, изјави заменичката-министерка за одбрана Хана Малиар, пренесува Скај њуз. Покренавме офанзива во близина на група села околу градот. Напредувавме во сите овие области, додаде таа.

Олександар Тарнавски, командант на јужниот фронт, соопшти дека украинските сили ослободиле област во близина на Краснохоривка, западно од регионалниот центар Доњецк, кој е под контрола на Русија.

Тој рече дека областа била под руска контрола откако сепаратистичките сили ја презеле контролата врз неа во 2014 година. ссм/

фото: архива

Остани поврзан