• понеделник, 23 декември 2024

Украинската територијална одбрана кренала во воздух оклопен воз со руски војници кај јужниот град Мелитопол

Украинската територијална одбрана кренала во воздух оклопен воз со руски војници кај јужниот град Мелитопол
Киев, 18 мај 2022 (МИА) - Украинските борци разнеле оклопен воз со руски војници во окупираниот јужен град Мелитопол, соопшти денеска Украинската територијална одбрана (УТО). Британските медиуми не можат независно да ја потврдат оваа информација, а руското Министерство за одбрана се уште не одговора на барањата за коментар. Градот Мелитопол, што се наоѓа во областа Запорожје, е сместен во јужна Украина, што е окупирана од руските сили. Украинската територијална одбрана, резервата на вооружените сили, соопшти дека експлозивната направа била активирана директно под вагонот во кој биле војниците. Во нивното соопштение објавено на Фејсбук не е прецизирано колку жртви има и колкава е штетата. сд/

Остани поврзан