• понеделник, 23 декември 2024

Украинската амбасадорка Дир се сретна со пратеникот Митрески

Украинската амбасадорка Дир се сретна со пратеникот Митрески
30 септември 2022  На 29 септември Амбасадорката на Украина Лариса Дир одржа средба со Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за меѓупарламентарни односи со Украина, Јован Митрески. Соговорниците го забележаа високото ниво на билатерална соработка меѓу двете земји, особено на меѓупарламентарно ниво. Благодарни сме ѝ на Северна Македонија за непоколебливата поддршка на Украина во нејзиното спротивставување на руската агресија, како и за помошта што ѝ ја дава на нашата држава во сите сфери. Усвоената од страна на Собранието на 3 март оваа година Декларацијата за осуда на воените дејствија на рф, кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, стана исклучително важна манифестација на солидарност со украинскиот народ во првите денови од руската инвазија. Амбасадорката Лариса Дир: „Денес на Украина повеќе од кога било има потреба од консолидирање на напорите на своите партнери за да го порази агресорот, бидејќи само заедно можеме да го надминеме ова страшно зло. И гласот на парламентарците овде звучи исклучително важно. Сигурни сме дека пратениците во македонското Собрание ќе продолжат да заземаат јасен став во однос на злосторствата на русија против Украина и Украинците. Сепак, ова не е ништо повеќе од продолжување на вековната империјална политика на геноцид врз нашиот народ“. Амбасада на Украина __________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан