• понеделник, 18 ноември 2024

Украина ја менува праксата за регрутирање со цел подобро да ги искористи капацитетите

Украина ја менува праксата за регрутирање со цел подобро да ги искористи капацитетите

Киев, 27 ноември 2023 (МИА) – Украинската влада најави промена во праксата за регрутирање со цел подобро да ги искористи човечките ресурси, изјави секретарот на украинскиот Совет за безбедност.

Промените кои треба да помогнат во одржувањето на борбениот потенцијал на Киев по речиси две години војна со Русија, кои се очекува да бидат објавени оваа недела, ќе вклучуваат користење и комерцијални компании за регрутирање, објави Гардијан.

- Некои луѓе се исплашени, се плашат да не загинат, се плашат да пукаат, што не значи дека не можат да бидат вклучени во други активности, изјави за „Гардијан“ Олексеј Данилов, секретар на Советот за безбедност на Украина и истакна дека Украина „сега има нов министер со нов пристап“.

Данилов рече дека армијата ќе соработува со две од најголемите украински компании за регрутирање „со цел да ги идентификува луѓето со специфични вештини и да ги предомисли вештите Украинци кои сакаат да и помогнат на армијата, но не сакаа да одат на фронтот, да не избегнуваат регрутација“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан