• петок, 05 декември 2025

Украина: Уништен руски ракетен систем во Брјанска област

Украина: Уништен руски ракетен систем во Брјанска област

Киев, 5 јуни 2025 (МИА) - Украинските вооружени сили соопштија дека извршиле напад врз руски ракетни системи во Брјанска област, кои се подготвувале за напад, најверојатно врз Киев. Според Генералштабот на Украина, една ракетна единица била уништена, а две се веројатно оштетени.

Нападот бил насочен кон единица од 26-та ракетна бригада во реонот на Клинци, Брјанска област. Руската државна телевизија „Вести Воронеж“ објави дека железничка линија во Воронежка област била оштетена од експлозија, без жртви. Гувернерот на областа, Александар Гусев, потврди дека неколку возови биле запрени поради оштетувањето, но не спомна експлозии. ссм/

фото: архива.илустрација

Остани поврзан