• вторник, 24 декември 2024

Украина тврди дека уапсила руски агент кој планирал напади на Одеса

Украина тврди дека уапсила руски агент кој планирал напади на Одеса
Киев, 10 јануари 2022 (МИА) - Украинската служба за безбедност (СБУ) денеска соопшти дека уапсила руски воен разузнавач кој планирал напади врз Одеса, најголемото црноморско пристаниште во земјата.
„Неговата главна задача беше да ја размрда политичката ситуација во регионот на Одеса преку саботажи и терористички акти“, соопшти СБУ.
Агентот е фатен како се обидува да регрутира некого за да ги изврши нападите, додаваат тие.
Киев, Вашингтон и западните престолнини се загрижени поради акумулацијата на руски војници во близина на границата со Украина и потенцијалната инвазија. Американските и руските дипломати во понеделникот започнаа разговори во Женева за деескалација на кризата.
Москва негира дека планира напад и ги обвинува Украина и НАТО за поттикнување тензии. Исто така бара од Алијансата предводена од САД да гарантира дека Украина нема да стане членка на НАТО. Врските на Украина со Русија се распаднаа во 2014 година по руската анексија на Крим и откако проруските сили ја окупираа територијата во источна Украина која Киев сака да ја врати назад. Киев наведува дека околу 15.000 луѓе се убиени од почетокот на конфликтот. паг/    

Остани поврзан