• петок, 05 декември 2025

Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија

Украина тврди дека нападнала руска фабрика за дронови длабоко во територијата на Русија

Киев, 23 април 2025 (МИА) – Украинските вооружени сили денеска соопштија дека извршиле напад врз руски објект за производство на беспилотни летала во градот Јелабуга, над 1.000 километри оддалечен од границата со Украина.

„Познато е дека е оштетена производствената линија за финално склопување на беспилотни летала“, стои во соопштението на украинската армија објавено на Телеграм.

Фабриката, според украинските податоци, има капацитет за производство на 300 дрона дневно.ссм/

фото: архива

Остани поврзан