• петок, 05 декември 2025

Украина: Русија изврши масовна ноќна воздушна офанзива со 270 дронови и 10 ракети

Украина: Русија изврши масовна ноќна воздушна офанзива со 270 дронови и 10 ракети

Киев, 19 август 2025 (МИА) – Руската армија ноќеска изврши една од најголемите воздушни офанзиви овој месец, користејќи 270 дронови и 10 ракети, соопштија Украинските воздухопловни сили.

Од нив биле соборени 230 дронови и шест ракети. Сепак, удари биле регистрирани на 16 локации со четири ракети и околу 40 дронови.

Локалните власти соопштија дека централниот украински град Кременчук бил сериозно погоден, оставајќи стотици корисници во Полтавска област без електрична енергија.

- Токму во моментот кога Путин му зборуваше на Трамп по телефон дека сака мир, неговата армија започна нов масовен напад врз Кременчук, изјави градоначалникот Виталиј Малецки. - Светот повторно виде дека Путин не сака мир – тој сака уништување на Украина, додаде градоначалникот.

Гувернерот на Полтавска област, Володимир Когут, потврди дека биле погодени административни згради на еден локален енергетски објект и дека околу 1.500 домаќинства и 119 деловни објекти останале без струја. - За среќа, нема жртви, додаде тој.

Русија, пак, соопшти дека украински дронови предизвикале пожари во нафтена рафинерија и на покрив на болница во Волгоградска област.

Од почетокот на војната, и Киев и Москва редовно напаѓаат клучна инфраструктура на другата страна. ссм/

фото: архива

Остани поврзан