• понеделник, 23 декември 2024

Украина: Русите пукаат во нуклеарен истражувачки реактор

Украина: Русите пукаат во нуклеарен истражувачки реактор
Киев, 26 март 2022 (МИА) - Украинскиот парламент на Твитер објави дека руските сили пукаат во нуклеарната истражувачка централа во Харков. „Во моментов е невозможно да се процени степенот на штетата предизвикана од судирот кој не завршува во близина на нуклеарната централа“, се вели во твитот во кој украинскиот парламент се повикува на државниот нуклеарен регулаторен инспекторат. Според украинскиот Киев Индипендент, руски гранати го погодиле харковскиот институт за физика и технологија, во кој се наоѓа реактор за нуклеарни истражувања. Претходно овој месец руски гранати го погодија теренот на Институтот за физика и технологија. Генералниот директор на таа институција тогаш изјави дека јадрото во кое се наоѓа нуклеарното гориво останало недопрено. Харков, вториот по големина град во Украина, ги доживеа некои од најжестоките бомбардирања од почетокот на руската инвазија на 24-ти февруари. ссм/

Остани поврзан