• вторник, 19 ноември 2024

Украина: Ректор фиктивно запишувал постари мажи како студенти за да не бидат регрутирани

Украина: Ректор фиктивно запишувал постари мажи како студенти за да не бидат регрутирани

Киев, 15 октомври 2024 (МИА) – Ректорот на еден од универзитетите во украинската Закарпатска област е приведен поради организирање на шема за фиктивен прием на 300 мажи на возраст за регрутирање, објави Укринформ, повикувајќи се на извори од органите на редот.

- Во Закарпатија неодамна беше уапсен ректор на универзитет поради организирање коруптивна шема за запишување на постари мажи во фиктивни академски програми, рекол изворот.

Според органите на прогонот, преку оваа шема биле примени околу 300 полнолетни мажи.

Официјални претставници рекле дека наскоро ќе ги објават сите детали за притворот и истрагата.

Укринформ потсетува дека украинското Министерство за образование и наука ќе ги промени правилата за прием на докторски програми во 2024 година, вклучително и со воведување нов минимален резултат за прием и политика што ги ограничува договорните докторски студии на вонредни или вечерни програми каде што нема одложување на воената служба. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан