• среда, 27 ноември 2024

Украина работи на стабилизирање на Херсон по повлекувањето на Русија

Украина работи на стабилизирање на Херсон по повлекувањето на Русија
Николаев, 12 ноември 2022 (МИА) - Украинската армија денеска спроведе „мерки за стабилизација“ во близина на градот Херсон на југот на земјата, откако руската армија се повлече по осуммесечна окупација. Жителите на Херсон, единствениот регионален главен град заробен од руската армија за време на инвазијата, синоќа ја прославија веста на Кремљ дека неговите војници се повлекле на другата страна на реката Днепар. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека Русите ги зајакнале борбените линии на источниот брег на реката по напуштањето на главниот град. Околу 70 отсто од регионот Херсон останува под руска контрола. Украинската разузнавачка агенција вчера објави дека мисли дека некои руски војници во цивилна облека останале во градот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека непријателот иако се уште е присутен во градот, жителите на Херсон веќе ги отстрануваат руските симболи и сите траги од окупацијата од улиците и зградите. Најавата на Москва дека руските сили планираат да се повлечат преку реката Днепар, која ги дели Херсонската област и Украина, уследи по засилената украинска контраофанзива на југот на земјата. паг/  

Остани поврзан