Украина потпиша договори за увоз на гориво
- Украина потпиша договори за увоз на 300.000 тони дизел и 120.000 тони бензин, изјави вицепремиерката на Украина Јулија Свириденко.
Киев, 13 мај 2022 (МИА) - Украина потпиша договори за увоз на 300.000 тони дизел и 120.000 тони бензин, изјави вицепремиерката на Украина Јулија Свириденко.
Целта на увозот на гориво е да се покрие домашната потрошувачка во мај.
Според неа, од почетокот на инвазијата на 24 февруари, Русија уништила 27 складишта за гориво и нафтената рафинерија Кременчук во централна Украина. ссм/