Украина подобра од македонските одбојкари во Европската Златна лига
- Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Украина со 0:3, по сетови 18:25, 24:26 и 23:25. Во вториот сет македонските одбојкари испушти предност од 20:14.

Скопје, 18 јуни 2023 (МИА) – Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ загуби од Украина со 0:3, по сетови 18:25, 24:26 и 23:25. Во вториот сет македонските одбојкари испушти предност од 20:14.
По шесте натпревари во Б-групата од Европската Златна лига, македонската репрезентација деби-учеството во ова натпреварување го завршува со две победи и четири порази.
Најефикасен на натпреварот беше Никола Ѓорѓиев со 15 поени освоени поени.
Шестото коло ќе биде комплетирано со вечерашниот натпревар Хрватска – Белгија.
Украинците со максимални 18 бодови го освоија првото место и изборија пласман во плејофот. зс/