• вторник, 24 декември 2024

Украина им забрани на мажите од 18 до 60 години да ја напуштат земјата

Украина им забрани на мажите од 18 до 60 години да ја напуштат земјата
Киев, 24 февруари 2022 (МИА) – Поради воената состојба, Украина им забрани на мажите на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата. Одлуката ја донесе украинското Министерство за внатрешни работи. Локалните медиуми претходно јавија дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наредил општа мобилизација. Зеленски потпишал декрет со кој се наредува мобилизација на сите регрути и резервисти на целата територија на Украина. јт/

Остани поврзан