• недела, 28 јули 2024

Украина загуби шест натпревари по ред на ЕП, повторувајќи го антирекордот на репрезентацијата на Југославија

Украина загуби шест натпревари по ред на ЕП, повторувајќи го антирекордот на репрезентацијата на Југославија
Амстердам, 14 јуни 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Украина синоќа загуби од Холандија (2:3) на натпреварот Ц-групата на Европското фудбалско првенство 2020. Украинскиот тим загуби шест натпревари по ред на Европските првенства и го повтори негативниот рекорд на репрезентацијата на Југославија. Серијата започна со натпревар против репрезентацијата на Франција на Евро 2012. Оттогаш, Украинците загубија и од Англија, Германија, Северна Ирска, Полска и Холандија. Толку долга серија на порази ја имаше и поранешна Југославија, која загуби на шест  натпревари помеѓу 1968 и 1984 година. зс/

Остани поврзан