Украина: Го уништивме рускиот команден центар во Белгородската област
- Украинската војска соопшти дека пред два дена го уништила командниот центар на Третата моторизирана дивизија на 20-та армија на руската војска кај селото Демидовка во Белгородската област.

Киев, 20 март 2025 (МИА) - Украинската војска соопшти дека пред два дена го уништила командниот центар на Третата моторизирана дивизија на 20-та армија на руската војска кај селото Демидовка во Белгородската област.
Според украинската војска, Русија го користела командниот центар за планирање и спроведување борбени операции против украинските војници во регионот Суми.
Демидовка се наоѓа на околу пет километри источно од украинската граница.
-Елиминацијата на командниот центар значително ја намалува способноста на единиците на Третата моторизирана дивизија на Руската Федерација ефикасно да дејствуваат на бојното поле, се вели во соопштението.
Русија редовно ја користи Белгородската област за да изврши напади на украинска територија. Во исто време, властите на регионот Белгород постојано ја обвинуваат Украина за напади врз регионот и градот Белгород во текот на целата војна.
Неодамна, беа забележани бројни судири во областа поради прекуграничниот упад на Украина насочен кон соседната Курска област. мс/
фото: Телеграм