• вторник, 17 декември 2024

Украина апелира ОБСЕ да ја прекине соработката со Русија

Украина апелира ОБСЕ да ја прекине соработката со Русија

Киев, 11 април 2024 (МИА) - Украина бара Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да ја суспендира соработката со Русија.

Заменик-шефицата на украинската мисија во ОБСЕ, Викторија Кувшиникова денеска повика на прекин на секоја значајна интеракција со Русија, поради, како што наведе, терористичките напади во обид да ги уништи украинските термоцентрали и хидроцентрали и брани.

- Повторно и повторно гледаме дека Русија не ги почитува своите политички обврски кон ОБСЕ, ниту принципите и нормите на меѓународното право. Рускиот режим уште еднаш покажа дека не може да се смета за сигурен партнер, дури ни во рамките на ОБСЕ. Згора на тоа, овие секојдневни напади покажуваат повторно и повторно дека не може да има никаква значајна интеракција со Москва во ОБСЕ додека Кремљ не ја прекине оваа војна, наведе Кувшиникова на состанокот на Постојаниот совет на ОБСЕ.

Таа додаде дека Русија минатата ноќ лансирала 82 проектили и беспилотни летала врз Украина. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан