• сабота, 23 ноември 2024

Украдени две фото камери за мониторинг во Споменикот на природата Вевчански извори

Украдени две фото камери за мониторинг во Споменикот на природата Вевчански извори

Вевчани, 13 октомври 2023 (МИА) - Непознати сторители украле две фото замки (камери) за мониторинг на дивиот свет во заштитеното подрачје Споменикот на природа Вевчански извори, соопшти Еко-свест Вевчани.

Центар за истражување и информирање за животната средина информира дека се известени надлежните институции, на кои им ги доставиле доказите и видео снимките.

Системот на контиуниран мониторинг на природните вредности во заштитеното подрачје е научно-истражувачка обврска на Општина Вевчани, како управител на Споменикoт на природа „Вевчански извори“. Преку мониторингот, како што посочува Еко-свест, ја утврдуваат состојбата на популациите и ги идентификуваат заканите за опстанок, промените и нивниот интензитет.

Локалната канцеларија на Еко-свест во Вевчани со поддршка на ПОНТ, а во соработка со Општина Вевчани го спроведува проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје „Вевчански извори“. Преку проектот, како што е наведено, се поддржува Општина Вевчани да воспостави систем на контиуниран мониторинг на видови кои се под закана и се значајни, како на локално, така и на национално и светско ниво.

Целта на мониторингот во заштитеното подрачје Споменик на природата Вевчански извори е добивање статистички факти за статусот на постоење на животинските и растителните видови, вклучително и за типовите на живеалишта, утврдување на појавност на клучни видови на животни и растенија, миграторните рути и репродуктивните локалитети кај видовите. Динамиката на растителните заедници и типовите живеалишта, идентификување и следење на еколошките параметри што влијаат врз опстанокот, заканите и притисоците врз популациите, како и обука на лица за спроведување мониторинг. сс/мд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан