Укината забраната за тешки товарни возила на патот Маврово - Дебар
- Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар е укината во 10:00 часот, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Скопје, 16 февруари 2021 (МИА) - Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар е укината во 10:00 часот претпладнево, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози, а наместа има и остатоци од кашест снег на коловозот. Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. фф/лв/