• сабота, 28 декември 2024

УЕФА ќе задржи 2 милиони евра од Фенербахче

УЕФА ќе задржи 2 милиони евра од Фенербахче
Нион, 22 јули 2020 (МИА) - Арбитражната комисија на телото за финансиска контрола на УЕФА донесе одлука да задржи 2 милиони евра од Фенербахче, се вели во соопштението на централата. Ова ќе се однесува на паричните награди за учество во европски натпреварувања во сезоните 2020/21 и 2021/22. Одлуката се должи на неисполнување на условите од договорот со клубот за отстранување на неправилностите во буџетот на крајот на 2018 година. Ако Фенербахче ги исполнеше условите на УЕФА до 15 октомври 2019 година, санкцијата ќе се намалеше на еден милион евра.

Тагови

Остани поврзан