• недела, 22 декември 2024

УЕФА ќе ги зајакне безбедносните мерки на натпреварите од ЕП 2024 по инцидентот со Роналдо

УЕФА ќе ги зајакне безбедносните мерки на натпреварите од ЕП 2024 по инцидентот со Роналдо

Берлин, 23 јуни 2024 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) планира да ги зајакне безбедносните мерки на натпреварите од ЕП 2024 во Германија. 

Ваквата одлука е донесена откако неколку навивачи истрчаа на теренот за да се фотографираат со Кристијано Роналдо на натпреварот од второто коло од групната фаза меѓу репрезентациите на Португалија и Турција (3:0). 

- Ќе има дополнителни безбедносни мерки на стадионите за да се исполнат барањата на турнирот и да се спречат слични инциденти. Од безбедносни причини не можеме да ги коментираме. Потсетуваме дека секоја инвазија на теренот претставува кршење на правилата за однесување на стадионот и повлекува исфрлање од трибините, забрана за присуство на какви било меѓународни натпревари и пријава до внатрешните власти за нелегално влегување на теренот, соопшти УЕФА.

Треба да се напомене дека не само Роналдо беше цел за „селфи“ на натпреварите од ЕП 2024. Навивач сакаше да направи селфи со белгискиот играч од средниот ред Кевин Де Брујн на натпреварот со Словачка (0:1) во првото коло од групната фаза. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан