• сабота, 23 ноември 2024

УЕФА ја прекина дисциплинската постапка против Реал, Барселона и Јувентус

УЕФА ја прекина дисциплинската постапка против Реал, Барселона и Јувентус
Нион, 9 јуни 2021 (МИА) – Комисијата за жалби на УЕФА одлучи денеска да ја прекине на неодредено време постапката против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, три од 12-те екипи основачи на Супер лигата. Двете шпански екипи и италијанскиот клуб не се одрекоа од проектот за ново натпреварување од затворен тип, принудувајќи ја Европската куќа на фудбалот на 25 мај да поведе дисциплинска постапка поради потенцијално кршење на правилникот за натпреварувања на УЕФА. Преостанатите девет клубови, кои се повлекоа од проектот Супер лига, се спогодија со УЕФА во замена за поблаги казни. ег/гт/

Остани поврзан