• четврток, 26 декември 2024

УЕФА забрани гостински навивачи на натпреварите меѓу хрватски Динамо и грчки АЕК

УЕФА забрани гостински навивачи на натпреварите меѓу хрватски Динамо и грчки АЕК

Нион, 4 август 2023 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука двата натпревари од квалификациската фаза во Лигата на шампиони меѓу загрепски Динамо и атински АЕК да се играат без присуство на гостински навивачи.

Одлуката, како што наведе УЕФА, е донесена од „безбедносни причини“.

Пресметката меѓу Динамо и АЕК е во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампиони.

Динамо, во чиј редови настапува капитенот на македонската репрезентација Стефан Ристовски, ќе гостува во Атина на првиот натпревар на 8 август, додека реваншот во Загреб е на 15 август. ег/паг/

Фото: Твитер

Остани поврзан