• сабота, 23 ноември 2024

Удинезе одигра без голови против Кротоне, Несторовски првпат сезонава стартер 

Удинезе одигра без голови против Кротоне, Несторовски првпат сезонава стартер 
Удине, 15 декември 2020 (МИА) – Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски за првпат сезонава се најде во почетниот состав на Удинезе во ремито без голови на домашен терен против Кротоне, во воведниот натпревар од 12. коло во Серија А. Несторовски, кој минатото коло против Торино го постигна својот премиерен гол сезонава во Серија А, вечерва одигра 65 минути за Удинезе пред да биде заменет со Шпанецот Жерар Деулофеу. Удинезе со скор од четири победи, две нерешени и пет порази во моментов е на 10. место со 14. бодови, а во следното коло гостува на Каљари. ег /сд/

Остани поврзан