• вторник, 24 декември 2024

Угина најстариот мрзливец зад решетки

Угина најстариот мрзливец зад решетки

Дизелдорф, 27 авгyст 2024 (МИА) - Во Зоолошката градина во Крефелд, недалеку од Дизелдорф, Германија, на 54-годишна возраст угина мрзливецот којшто важеше за најстарата единка во кафез од овој вид на светот. Животното по име Јан угинало од старост.

Мрзливецот е роден во дивината, 1969 година. Тој живеел во зоолошката градина „Хагенбек“ во Хамбург до 1986 година, пред да го префрлат во Крефелд, каде што мина 38 години. Во 2021 година, Јан беше запишан како „најстариот мрзливец за којшто се грижат луѓе“ во Гинисовата книга на рекорди.

Тој е познат и по големиот број младенчиња, бидејќи во Крефелд добил 22 мали мрзливци со женките Лолита и Трине. А, во март оваа година, Јан стана татко на своето последно дете со 22-годишната Трина.  си/ми/

Фото: Фејсбук-објава, фотоисечок

Остани поврзан