• недела, 29 март 2026

УГД Штип го одбрани трофејот во Купот

УГД Штип го одбрани трофејот во Купот

Скопје, 28.март 2026 (МИА) – Одбојкарите на УГД Штип го освоија третиот трофеј во куп натпреварувањето откако вечерва во финалето го совладаа ГОК Борец со 3:1 во сетови (25:17; 22:25; 32:30 и 23:13). Ова беше трето финале за екипата на Штип што значи дека имаат максимален ефект, додека велешани по петтото финале останаа само со еден трофеј во Купот од 1994 година.

По двата први сета резултатот беше 1:1 во сетови, а како решавачки се покажа третиот сет кога на разлика УГД тип го доби со 32:30. Во третиот сет ГОК Борец не искористи пет сет топки, а УГД ја искористи втората. Во четвртиот сет играта на велешани се распадна и штипјани убедливо го добија сетот.

За најдобар играч на финалето беше прогласен Стојан Илиев од УГД Штип. Мн/

Фото: ОФМ

Остани поврзан