Уганда: Уапсени десетици учесници на протестите против корупцијата
- Безбедносните сили на Уганда денеска уапсија десетици луѓе кои се обидоа да стигнат до зградата на парламентот за да демонстрираат против корупцијата во земјата.

Кампала, 23 јули 2024 (МИА) - Безбедносните сили на Уганда денеска уапсија десетици луѓе кои се обидоа да стигнат до зградата на парламентот за да демонстрираат против корупцијата во земјата.
Силни полициски и воени сили се присутни на улиците на Кампала.
Демонстрациите беа предизвикани, меѓу другото, и со се почестите обвинувања против претседателката на Собранието, Анита Амонг, која ги отфрли повиците да поднесе оставка поради обвинувањата за незаконско трошење и проневера на државни средства. паг/