• петок, 08 ноември 2024

Убијците на познат холандски новинар осудени на казна затвор до 28 години

Убијците на познат холандски новинар осудени на казна затвор до 28 години

Амстердам, 12 јуни 2024 (МИА) - Холандскиот суд осуди денеска тројца мажи на казна затвор до 28 години поради убиството на новинарот Петер Р. де Фрис.

Како што објавија холандските медиуми, Де Фрис бил убиен на улица во Амстердам на 6 јули 2021 година, а починал девет дена подоцна.

Обвинителите побараа доживотна казна затвор за Холанѓанецот кој пукаше во Де Фрис и за двајца мажи од Полска кои беа обвинети за планирање на убиството и за соучесништво. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан