• среда, 25 декември 2024

Убиени 12 војника од заседа во Мали

Убиени 12 војника од заседа во Мали
Бамако, 13 октомври 2020 (МИА) - Најмалку 12 војника се убиени во напад извршен во централниот дел на Мали, во близина на границата со Буркина Фасо, соопшти војската.
Нападната е воена позиција од заседа во Сокура, каде војниците загинале во експлозија на импровизирана бомба.
Војската наведува и дека се „убиени девет терористи“.
Централниот дел на Мали е често мета на насилство, особено од 2015 година, кога се појави џихадистичка група, предводена од припадник на етничката заедница Фулани. гт/

Остани поврзан