Убедливи победи за Вардар и Шкендија на отворањето на новата сезона во ПМФЛ
- Шампионот Шкендија и куп-победникот Вардар забележаа високи победи вечерва во првото коло на сезоната 2025/26 во Првата македонска фудбалска лига.
Скопје, 8 август 2025 (МИА) – Шампионот Шкендија и куп-победникот Вардар забележаа високи победи вечерва во првото коло на сезоната 2025/26 во Првата македонска фудбалска лига.
Шкендија славеше триумф со 5:1 на домашен терен против Шкупи.
Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ го победи вечниот ривал Пелистер со 4:1.
Во другите натпревари од премиерната рунда во ПМФЛ играат:
Башкими – Арсими (сабота 17:30 часот)
Струга – Македонија ЃП (сабота 17:30)
Тиквеш – Работнички (недела 17:30)
Силекс – АП Брера (понеделник 17:30). зс/
Фото: МИА