• сабота, 23 ноември 2024

Уапсен 15-годишник осомничен за убиство на ученикот во Приштина

Уапсен 15-годишник осомничен за убиство на ученикот во Приштина
Приштина, 1 март 2022 (МИА) – Косовската полиција објави вечерва дека уапсила едно лице осомничено за убиството на 14-годишен ученик, што се случи претпладнево во близина на училиштето во кое учело, во приградска населба на косовската престолнина, јави дописникот на МИА од Приштина. Според полициското соопштение, осомничениот 15-годишник, со иницијали Е.В., самиот ѝ се предал на полицијата, по што од надлежен обвинител му е изречена мерка притвор. - По спроведените истражни дејствија, полицијата успеа да го идентификува лицето осомничено за убиството што се случи денеска во Приштина. Осомниченото лице, (машко, 15 години) се предаде во полиција и истото е под мерката полициски притвор. На осомниченот му е запленето ладно оружје, нож, за кое се претпоставува дека е употребено во случајот. Во присутво на адвокат на осомничениот, во координација со државен обвинител и надлежни лица од Центарот за социјални работи, истражителите ги започнаа потребните полициски процедури кон него, се вели во полициското соопштение. Истражните органи ги продолжуваат дејствијата за расветлување на околностите и мотивите за убиството. Ученикот од 9-то одделение во Основното училиште „Хилми Раковица“ во приштинската населба Врањевац, со иницијали Р.Х., почина утрово како последица на повреди здобиени од нож. Во моментот на убиството момчето било на пат од дома кон училиштето. Повеќе граѓански и политички субјекти реагираа на денешната трагедија, барајќи од надлежните органи да обезбедат услови за поголема безбедност на децата. иа/гт/

Остани поврзан