Уапсен Раде Трајковски-Штекли, но и повеќе други лица поврзани со продажба со дрога, претреси во Скопје и Гевгелија
- Македонската полиција денеска го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од МВР.

Скопје, 18 јануари 2025 (МИА) - Македонската полиција денеска го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од МВР.
Од ОЈО ГОКК појаснуваат дека по Наредба на обвинител во моментов се вршат претреси на повеќе локации во Скопје и една во Гевгелија. Има повеќе лица кои се лишени од слобода. Во моментов од ОЈО ГОКК потврдуваат дека станува збор за криминална група што се занимава со продажба на дрога.
Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
Претходната година, пак, кон него беше пукано во Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје. сст/дма/
фото МИА архива