• недела, 15 декември 2024

Уапсен поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја за обид за државен удар

Уапсен поранешниот министер за одбрана на Јужна Кореја за обид за државен удар

Сеул, 8 декември 2024 (МИА) - Јужнокорејските обвинители денеска го уапсија доскорешниот министер за одбрана Ким Јонг-хјун, под обвинение за вмешаност во прогласувањето воена состојба од страна на претседателот Јун Сук-јеол, јави новинската агенција Јонхап.

Ким, кој во средата поднесе оставка, се смета за клучна фигура во краткотрајното прогласување воена состојба. Според извештаите, Ким му предложил на Јун да преземе ваков чекор.

Специјален тим на обвинителството го испитувал Ким, кој доброволно се појавил во канцеларијата на окружното обвинителство во Сеул во раните утрински часови.

Три опозициски партии поднесоа тужба против Јун, Ким и командантот на вооружените сили Парк Ан-су, обвинувајќи ги за предавство. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан