Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и професор на Геодетскиот факултет во Хрватска
- На барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб, денеска е уапсен поранешен помошник министер во Министерството за култура и медиуми, сега главен конзерватор во Дирекцијата за заштита на културното наследство, под сомнение за корупција како дел од истрагата на Геодетскиот факултет на Универзитетот во Загреб.
Загреб, 2 мај 2024 (МИА) - На барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО) во Загреб, денеска е уапсен поранешен помошник министер во Министерството за култура и медиуми, сега главен конзерватор во Дирекцијата за заштита на културното наследство, под сомнение за корупција како дел од истрагата на Геодетскиот факултет на Универзитетот во Загреб.
-Денеска се уапсени поранешниот декан на Геодетскиот факултет, како и поранешен професор на истиот факултет, јавија хрватските медиуми.
Против сите тројца, ЕППО донесе решение за проширување и спроведување на истрагата. мс/
фото: МИА архива